Вести Најважни Свет

Израел со „целосна офанзива“ врз Газа – во кибуцот во Кфар Аза убиени бебиња во колички и деца

Сирените за воздушна опасност не престануваат во Тел Авив. Во изминативе 4 дена Хамас фрли кон Израел 4.500-тини гранати. Првата фаза од израелската операција „Железен меч“ која се однесуваше на чистење на теренот од милитанти, евакуација на население и воздушни напади е при крај. Се најавува втора која ќе опфаќа голема копнена офанзива врз појасот Газа за што, според медиумите, се мобилизирани околу 300.000 резервисти, а 35 баталјони се распоредуваат на границата. Израелскиот министер за одбрана ги посети војниците и им соопшти дека земјата се движи кон „целосна офанзива“ на Газа, бидејќи како што кажа се борат против човечки животни.

Газа нема да се врати на она што беше претходно, ќе елиминираме се, ако не за еден ден, тогаш за една недела, или неколку недели, па дури и месеци, но ќе стигнеме до сите места, ИМ СООПШТИ НА ВОЈНИЦИТЕ  ЈОАВ ГАЛАНТ, МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА ИЗРАЕЛ

Израелските власти им дозволија на новинарските екипи да влезат во најуништениот пограничен град Кфар Аза, чија кибуцка заедница беше прва на нишан од Хамас во саботата. Сликата која ги дочека израелските војници беше траорна, велат – во пластични вреќи ги собираат малите бебешки и детски тела, исто како и на нивните родители.

  • Не е војна, не бојно поле, ова е масакр. Терористичка активност. Гледате и самите нешто што никогаш не сум го видел во животот. Нешто што сме мислеле дека им се случувало на нашите баби и дедовци во минатото во погромот во Европа или на други места, ВЕЛИ  МАЈОР ГЕНЕРАЛ ИТАИ ВЕРУВ, ЛИДЕР НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВО КФАР АЗЗА

 

Кој може ова да го направи? Мора да избришале својата хуманост и останале само со нехуманост. Да гледате бебешки колички со дупки од куршуми и крв?! Кој може да посегне по бебе и да убие бебе? Кој убива мајка? Им ги гледам телата во куќите, ВЕЛИ МАЈОР ДОРОН ШПИЛМАН, ИЗРАЕЛСКА ВОЈСКА

Во меѓувреме, Хамас фрли стотици ракети врз  јужниот израелскиот град Ашкелон, откако му даде рок на населението да си замине. Од милитантната група велат дека тоа е одговор на „злосторството на непријателот“.

Израел го продолжува силното и неселктивно бомбардирање врз Појасот Газа. Според податоците на ОН, досега се иселени 200 илјади луѓе. Бомбите паѓаат по густо населените квартови со лоши градби, кои се уриваат до темел.

Ништо не остана. Евреите не бомбардираа 4 до 6 часа. Меѓу секоја граната имаше пауза од минута или 40 секунди. Ја уништија областа. Околу 30 луѓе бевме заробени во подрумот од зградата, ВЕЛИ АБДУЛА МУСЛЕХ, ЛОКАЛЕН ЖИТЕЛ

ОН соопштија дека веќе постојат јасни докази за воени злосторства направени од двете страни, вклучувајќи и убивање на цивили. Бројката на загинати расте од час во час.. Но, за разлика од Израел, во Газа нема струја, вода, достава на лекови, а болниците немаат капацитет. ОН го повикаа Израел да го овозможи хуманитарниот коридор, во спротивно во овој конфликт ќе има најголем број случаи на цивилни жртви.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе