Вести Најважни Свет

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток не дојде од ведро небо, туку е резултат на 56-годишна окупација

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа.

Гутереш рече дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе ја влоши она што веќе беше страшна хуманитарна ситуација на крајбрежната палестинска територија.

„Хуманитарната ситуација во Газа беше исклучително тешка и пред овие непријателства, сега само ќе се влоши“, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, пренесува Анадолија.

„Медицинска опрема, храна, гориво и други хуманитарни материјали се очајно потребни, како и пристап на хуманитарниот персонал“, додаде тој.

Шефот на ОН нагласи дека последното насилство „не доаѓа од ведро небо“, туку произлезе од „долгогодишен конфликт и окупација долга 56 години без политичко решение на повидок“.

„Мора да се реализираат легитимните потреби на Израел за безбедност, а мора да се реализира и јасната перспектива на Палестинците за формирање сопствена држава“, рече Гутереш.

Тој додаде дека „само договорен мир кој ги исполнува легитимните национални аспирации на Палестинците и Израелците, заедно со нивната безбедност, долгогодишната визија за решение за две држави во согласност со резолуциите на Обединетите нации, меѓународното право и претходните договори, може да донесе долгорочна стабилност за луѓето од областа и поширокиот регион на Блискиот Исток“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе