Вести Македонија Најважни

Двајца Mакедонци се во Појасот Газа – обезбеден е транспорт низ Израел за нивна евакуација, вели МНР

Двајца македонски државјани се лоцирани среде жарот на борбите меѓу Хамас и Израел и за нив состојбата е најризична. Се наоѓаат во Појасот Газа и за нивно извлекување е потребна обемна операција, а за ова е задолжена амбасадата во Каиро, која веќе комуницира со надлежните институции. Овие македонски државјани се дел од неколкуте коишто се затекнати во подрачјата кои се сметаат за најнебезбедни и веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Ова е наведено во денешното соопштение на МНР и Кризниот штаб, кои ја водат акцијата за евакуација на сите македонски државјани.

„Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во МНР активно работат на враќање на уште 100 наши државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации. Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција“, се вели во соопштението на МНР. 

Досега, вкупно триесет македонски државјани успешно се евакуирани и се на безбедно, откако побараа помош од МНР за да си заминат од Израел. Во изминатото деноноќие четворица го напуштиле Израел со лет до Атина, пет до Подгорица и еден до Истанбул. Нашето МНР известува дека веќе е изготвена информација за состојбите во Израел, со фокус на наредните денови и оперативниот план. Истата е доставена до Владата и таму на седница ќе се разгледаат наредните чекори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе