Вести Најважни Свет

Израел му објави војна на Хамас – ќе оди ли Нетанјаху кон преземање на целосна контрола врз појасот Газа

Израелските власти денеска и официјално прогласија војна против палестинската милитантна група Хамас. Обемот на израелски одговор што ќе следува не е јасен, но се шпекулира дека Израел би можел да се обиде да преземе целосна контрола над појасот Газа за првпат по 2005 година. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант порача дека Палестинците ќе платат висока цена за операцијата што ја започнаа.

Попладнево се огласи и Хамас. Портпаролот на палестинската екстремистичка група, Хазем Касем порача дека нема простор за разговори за примирје, сè додека Израел напаѓа цивили. За тензиите на Блискиот исток ги обвини властите во Ерусалим и нагласи оти е прерано да се зборува за медијација, бидејќи ситуацијата на теренот отсликува кој ја има контролата.

Израелската војска, паралелно со „чистење на теренот“ од милитантни во јужниот дел на земјата и околу појасот Газа, спроведува и операција за евакуација на населението, но и спасување на лица од заложништво на Хамас. Едно такво е веќе објавено од израелските сили на кое се гледаат неколку спасени лица.

Соединетите Американски Држави најавија дека ќе преместат ударна група на носачи на авиони со околу 5.500 војници поблиску до Израел. Британскиот премиер Риши Сунак вети целосна поддршка за Израел во борбите со Хамас. Идентични пораки за израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху испрати и германскиот канцелар, Олаф Шолц додека во земјата се преземени зголемени мерки за заштита на израелски објекти.

Според властите во Ерусалим, над 600 луѓе се убиени во Израел од нападите на Хамас вчераутро. Палестинското министерство за здравство, пак, објави дека најмалку 370 луѓе загинаа и над 2.200 се повредени во израелските напади врз појасот Газа.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе