Вести Најважни Свет

Хамас истрела 150 ракети врз Тел Авив – над 370 загинати лица и 2.600 повредени на двете страни

Тел Авив е под сирени за воздушни напади. Хамас попладнево истрела 150 проектили кон вториот град по големина во Израел, како одговор на бомбардирањето на појасот Газа, област која остана во мрак, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија.

Израелски официјални лица потврдија дека во палестинските напади до 20 часот загинале најмалку 150 лица, додека 985 се повредени. Палестина, пак, тврди дека во израелското бомбардирање на Појасот Газа загинале 232 луѓе, а 1.790 се повредени. Судири меѓу израелските и палестинските сили во моментот се водат на 22 различни локации на југот на Израел.

По нападите на Хамас врз Израел утрово, кои според воените аналитичари е жешка шлаканица за израелските безбедносни служби, се огласи и водачот на палестинската екстремистичка организација Исмаил Ханије кој порача дека неговите борци се на прагот на голема победа. Операцијата на Хамас наиде на поддршка во Иран и во Ирак, каде стотици луѓе излегоа на улици со знамиња, се палеа израелски и американски знамиња.

Палестинско-израелското буре барут експлодира. Кревкиот мир меѓу две страни беше нарушен утрово со три и пол часовно силно ракетирање на Хамас врз делови на израелска територија. Истрелани беа 5.000 ракети за нецели 30-тина минути. Израел веднаш прогласи состојба на воена приправност, нареди мобилизација на дел од резервниот состав. Властите во Ерусалим порачаа дека Хамас направиле грешка за која ќе сносат сериозни последици и ќе платат цена каква досега не виделе.

Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид го повика премиерот Нетанјаху да ја остави политиката настрана и да формираат заедничка влада за вонредни состојби.

Хамас е акроним за „Исламско движење на отпорот“. Во тој формат настана во 1987 година по почетокот на првата палестинска интифада против израелската окупација на Западниот Брег и појасот Газа. Подоцна објави и Повелба во која организацијата се обврза на уништување на Израел. Насилствата дојдоа до израз во 2000 година со избивање на Втората Интифада во која во наредните пет години загинаа околу 5.500 Палестинци и 1.100 Израелци. Хамас во целина е прогласен за терористичка организација во Израел, во САД, во Велика Британија и во други големи сили во светот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе