Вести Најважни Свет

Хамас го нападна Израел – најмалку 40 загинати и над 700 повредени во масовното ракетирање од Појасот Газа

Палестинско-израелското буре барут експлодира. Кревкиот мир меѓу две страни беше нарушен утрово со три и пол часовно силно ракетирање на Хамас врз делови на израелска територија. Една од највооружените палестински есктремистички групи ја презеде одговорноста за над 5.000 истрелани проектили за нецели 30 минути. На обемниот палестински удар од Појасот Газа се најдоа јужниот и централниот дел на Израел. Веднаш се огласија сирени за возушна опасност во бројни израелски градови и населби, вклучувајќи го и Тел Авив и околината. Најмалку 40 лица се убиени и над 700 се повредени од почетокот на нападите утрово, биланс што се менува од час во час.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи приправност за воена состојба и го свика националниот Совет за безбедност. Наредена е мобилизација на дел од резервистите и отпочната е воена операција од копно и воздух, под кодно име „Железни мечеви“, чија цел се точки во Појасот Газа. Лидерот, пак, на израелската национална партија на единство, Бени Ганц порача дека „Хамас направил голема грешка за која ќе сноси тешки последици“.

Почетокот на воената операција против Израел ја најави Мохамед Деиф, воен командат на Хамас. Ја опиша како ден за најголемата битка за завршување на последната окупација на палестинската држава. Откри дека врз Израел се истрелани 5.000 ракети и ги повика Палестинците, каде и да се, на борба. Покрај гранатирањето, вооружени групи на Хамас навлегоа на израелска територија, пришто објавија дека заробиле 35 израелски војници.

Хамас е акроним за „Исламско движење на отпорот“. Во тој формат настана во 1987 година по почетокот на првата палестинска интифада против израелската окупација на Западниот Брег и појасот Газа. Подоцна објави и Повелба во која организацијата се обврза на уништување на Израел. Хамас првенствено имаше две цели – да води вооружена борба против Израел предводена од военото крило „Бригадите на Изедин Ал Касам“ и да спроведува програми за социјална помош. Првиот судир меѓу Хамас и Израел се случи во 1989 година, а насилствата дојдоа до израз во 2000 година со избивање на Втората Интифада во која во наредните пет години загинаа околу 5.500 Палестинци и 1.100 Израелци. Хамас во целина е прогласен за терористичка организација во Израел, во САД, во Велика Британија и во други големи сили во светот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе