Вести Најважни Свет

Членките на ЕУ сѐ уште не се согласни на кој начин треба да продолжи проширувањето

Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот, порачаа европските лидери од самитот на Европската политичка заедница во Гранада. Иако најголем дел од вниманието беше окупирано од противењето на Полска и Унгарија на предложениот нов европски договор за миграција, сепак тоа не ја фрли во сенка дебатата за проширувањето на унијата.

Сѐ уште не е донесена никаква одлука, но се зголемува бројот на земји членки кои сакаат забрзување на самиот процес на проширувањето. Францускиот претседател Емануел Макрон порача неколку земји веќе предложиле нов модел и нова амбиција, но сѐ уште има разидувања во ставовите на земјите членки за тоа на кој начин унијата треба да прима нови членки.

Јасно е дека геополитичката ситуација во Западен Балкан, исто како и во Молдавија и Украина, оправдува сеопфатен пристап. Исто така ја оправдува и идејата за Европска Унија изградена врз база на заеднички проекти и политики, отколку на досегашниот пристап, изјави макрон.

Дека лидерите од самитот ја реафирмирале посветеноста кон проширувањето на унијата потврди и претседателката на ЕК, и порача дека процесот и понатаму ќе се базира исклучиво на заслуги.

Пристапниот процес е заснован на заслуги, а тоа беше исто така јасно и денеска за време на нашата дискусија. Не постои скратен пат, не постои автоматско пристапување во ЕУ, туку засновано на заслуги. Но, кога велиме заснован на заслуги тоа не важи само за работата на земјите кандидати, но и ние исто така треба да си ја завршиме нашата работа. Да бидеме подготвени да ги примиме земјите кандидати кога тие ќе бидат подготвени, порача фон дер лајен.

Во завршната декларација од самитот не се споменува 2030 година како година за ново проширување, но според претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел таа понатаму се смета како цел.

Во декларацијата исто така се посочува и дека претендентите за членки треба да ги засилат своите реформски напори, особено во областа на владеењето на правото, во согласност со природата на процесот на зачленување заснована на заслуги и со помош на ЕУ. Паралелно, Унијата треба да ги постави потребните внатрешни основи, реформи, долгорочни амбиции и начините за нивно остварување.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе