Вести Македонија Најважни

Денеска почнува исплатата на зголемените пензии, пензионерите бараат повеќе и ќе продолжат со протестите

Од денеска почнува исплатата на пенсиите на филијалите на комерцијалните банки. Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.

Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација. Порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање.

Министерката за Труд и социјална политика Јована Тренчевска побара формирање на работна група која веќе почна со работа и вети дека за скоро време ќе добијат насоки кон решение на овој проблем.

Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе