Вести Македонија Најважни

Пожарот во Хром криел страшна вистина – бил подметнат за да се прикрие свирепо убиство

Синот и се јавил да и каже дека убил човек, а таа пак веднаш наполнила шише со бензин, дошла во станот каде што се случил крвавиот злостор, го истурила на подот во собите и го запалила надевјќи се дека ќе ги уништи трагите и ќе го спаси својот син од долгогодишна затворска казна.

Меѓутоа ниту бензинот, ниту пожарот не можеа да ги сокријат трагите и речиси педестте убодни рани кои судските вештаци ги најдоа на телото на триесет и пет годишниот скопјанецот кој пред десет дена беше убиен во својот дом во населбата Хром.

МВР ги идентификуваше сторителите на грозоморното злосторство – триесет и девет годишен скопјанец го држел ножот во рака и неговата педесет и осумгодишна мајка која се обидела да ги сокрие трагите.

Против нив се поднесени кривични пријави, осомничениот за убиство е во бегство се бара со потерница, а на неговата мајка и е одреден триесетдневен притвор.

Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесе по брза постапка кривична пријава против А.Д.(39) од Скопје, за “Убиство” по чл.123 и “Тешки дела против општата сигурност” и против И.Ц.(58) за “Тешки дела против општата сигурност”, велат од МВР.

Од Обвинителството соопштија каков бил текот на настаните откако, триесети и пет годишниот скопјанец веќе лежел мртов во купатилото од својот дом.

По настанот, тој се јавил повеќе пати телефонски кај неговата мајка, која зела пластично шише и отишла до најблиската бензинска пумпа, купила литар и пол гориво и во соизвршителство со синот подметнале пожар со намера да ги прикријат трагите за извршеното свирепо убиство. Со подметнатиот пожар тие предизвикале значителна опасност по животот и телото на станарите кои што живеат во зградата, информираат од Јавното Обвинителство.

Од Обвинителството појаснуваат дека со досега собраните докази против бегалецот ќе одат со квалификација на делото како свирепо убиство.

Останува нејасно која била релацијата и какви биле односите меѓу убиецот и жртвата и зошто настанала кавгата во раните утрински часови на 22 септември, за која сведочат соседите, која завршила со педесетина убоди во телото и вратот на жртвата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе