„Монтенегро“ и “Екстра Али“ маркети од Гостивар, „ТД“ маркети Кавадарци, „НЕТТО“ од Струга, „СТЦ“ од Куманово. Ова се дел од имињата на трговците кои од пазарна ги соопштија за Телма дека во изминативе денови поради непочитување на одлуките за намалување на цените, инспекторите ги затвориле.
Од ДПИ информираа дека клуч на врата добиле 10 тина маркети, а за период од 20 дена откако се донесени мерките за цените, изречени се парични казни од над 100 илјади евра.
Ги повикаа трговците да бидат општествено одговори, а оние кои ќе ги повторат грешките, нема да работат подолго време.
Првичните пет маркети кои беа зтаворени се различни од оние вторите кои ги затворивме. Не се повторуваат имињата , но ако ги повторат грешките затворањето ќе биде на подолг период, вели Горан Трајковски- директор на ДПИ.
Од пазарна ги повикаа и оние кои се нерегистрирани, да се регистрираат до средината на месецов,во сротивно ќе бидат казнети, а ќе им се одземе и робата.
Претходно од бизнсиот реагираа дека немале доволно време да се прилагодат на владините одлуки, и дека затворањето е ригорозна мерка. Од пазарна пак велат целта не им е да се казнува, периодот од пет дена е доволен да ги поправат грешките.
Не е фер потрошувач во маркет на пример цената на јогуртот е 109 денари пред одлуките, истиот тој потрошувач да влезе повторно во маркет и да види ознака гарантирана цена, а таа да не биде намалена и повторно да биде 109 денари. Јасно со тоа се доведува во заблуда потрошувачот. Компромиси нема да има за никој, вели директорот на ДПИ.
Иако, изминатите денови имаше реакции од граѓани дека некои од производите недостасуваат по маркетите, од пазарна тврдат дека може би некаде се потрошиле залихите па трговците немале испланирано нови нарачки. Но тврдат проблемот е надминат и во маркетите ги има сите производи.
Поради сериозниот скок на цените во летниот период се денесе мерка за 10 отсто да поевтинат одредени производи. Според информации на Телма утре бизнис заедницата на состанок ќе одлучува за владините одлуки и дали ќе реагираат до Министерството за економија, кој е креатор на мерките.
Ирена Чачкова
