Вести Најважни Свет

САД загрижени од големата воена мобилизација на Србиjа на границата со Косово

САД изразуваат загриженост од големото воено присуство на Србија на границата со Косово и го повикаа Белград да ги повлече своите сили од пограничната зона. Нивните извештаи покажуваат дека на терен се распоредуваат голем број „напредни тенкови и артилерија“. Американскиот портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата Куќа, Џон Кирби посочи дека трупањето на оружјето се случува изминативе неколку дена, и дека сепак не е јасно која е целта на ваквите регрупирања на границата меѓу двете земји.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак вчера изјави дека телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и двајцата „се согласиле дека е потребна деескалација“.

Се согласивме дека има значителна потреба од поголема улога на КФОР и Србија ја сака таа поголема и позначајна улога на КФОР на Косово и Метохија, ние сигурно секогаш ќе ја поддржуваме, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ ги повтори и наводите на Србија дека најмалку еден од тројцата убиени Срби бил „ликвидиран“ откако се предал и најави дека Србија ќе ја продолжи истрагата за да се открие вистината, а ладнокрвните убијци како што рече да одговараат за делото. Косовските власти пак обвинуваат дека српскиот претседател е директно вмешан преку неговиот извршител потпретседателот на Српска листа Милорад Радоичиќ и најавија дека доколку биде уапсен ќе бараат негова екстрадиција.

Меѓувреме превртените камиони и дупките од куршуми на прозорите во косовското село Бањска и по една недела сведочат за крвавиот инцидент. Селаните веќе недела дена живеат во страв и паника. За нив последните случувања во земјата се голема траума, а се плашат и од можна ескалација на состојбата.

Траума, траума, ова е голема траума за сите овде. Само можеби тие што имаат „проблеми со главата“ можат да кажат дека ова не е трауматично. Но, ние сме среќни што немаше цивилни жртви овде, никој од нашето село не беше повреден. Му благодариме на господ бог за ова, навистина не знам како се извлековме, раскажува Мирослав Милосављевиќ,  жител на село Бањска.

 

Ова беше навистина катастрофа. Чија е вината? Немам поим. Навистина не ги знам деталите за тоа што се случи. Но пукањето беше жестоко. Тие започнаа во 2часот и 45 ,имути, а завршија следниот ден во 15 часот, изјави Раде Недељковиќ, локален жител.

 

Знаете, три лица, напаѓачи, беа убиени овде. Уапсивме уште двајца. Никој од селаните не беше повреден, вели Ветон Елшани, портпарол на косовската полиција.

Во една од најлошите конфронтации откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, околу 30 маскирани лица отворија оган врз полициска патрола во близина на селото Бањска рано во неделата. Тие потоа ги скршија портите на српскиот православен манастир и се забарикадираа внатре со свештениците и верниците по ше дадоа во бегсво. Косовските сили на местото најдоа голем арсенал на оружје и муниција од голем калибар што зад себе го оставија униформираните напаѓачи.

Потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ, призна дека ја организирал и спровел акцијата во селото Бањска. Во изјава која ја прочита неговиот адвокат, Радоичиќ тврди дека целта на акцијата била охрабрување на српскиот народ на Косово да му пружи отпор на теророт на режимот на Курти. Поднесувајќи оставка од партиската функција, Радоичиќ соопшти дека целата операција ја организирал лично тој, без знаење на Белград, Претседателот на Србија се огради од него, на што пак Курти рече дека не му верува…

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе