Вести Најважни Свет

(ФОТО) Њујорк: Прогласена вонредна состојба поради поројните поплави

Силната бура што го зафати Њујорк донесе рекордни врнежи од дожд какви не се видени уште од 1948 година. Големите количини на вода ги поплавија градските метро станици, канализациониот систем. Подрумите во зградите и улиците во најнаселениот град во САД.

Според научниците, овие врнежи се последица на климатските промени, кога затоплената атмосфера делува како масивен сунѓер, способна да испушти повеќе водена пареа и потоа „да се исцеди“ во интензивни врнежи.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон во петокот наутро како најтешко погодени од поплавите.

„Ова е голем предизвика за нас. Ова е настан кој ги менува животите. И сакам сите Њујоркчани да внимаваат на предупредувањата за да бидеме безбедни“, рече Хочул.

Поради изливите на реките, предупредувања за опасност од поплави има во Конектикат, Њу Џерси и јужен Њујорк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе