Вести Македонија Најважни

Измените на КЗ ќе му ја намалат казната на екс директорот на Онкологија, Нино Васев ако биде осуден

Екс директорот на Онкологија, кој е дел од истрагата за скандалот со злоупотребата на лекови за болните од канцер на клиниката, благодарение на измените на КЗ, сега ќе се соочи со поблага казна доколку биде осуден за несовесно работење за пациент кој починал откако не му бил препишуван лек за малиген меланом.

Обвинителката Лидија Раичевиќ на денешното рочиште во Кривичниот суд го преквалификува делото и наместо потешко повреди на права, сега делото му се приначи- на друг му нанел штета во делот на здравствена заштита.

Имавте можност да го видите ефектот на измените на КЗ во судница, во пракса, во реалниот живот на конкретен предмет. Казната се менува од 5 на 3 години затвор. Тоа значи дека факторот време ќе влијае драстично на времето кога овој предмет може да застари за било каков кривичен прогон. Ова е дејството на зимените на КЗ. Ние сме должни по принципот на поблаг закон да го применуваме во судница, вели Раичевиќ.

Васев се соочува со уште едно кривично дело во истрагата за начинот на лекување на пациенти на Онкологија, која е во тек. Вчера надлежни обвинители од Скопје биле во посета на колегите во Косово со цел да се олесни прибирањето на докази.

Дали сме нашле или не сме нашле докази во овој дел од постапката јас не можам да зборувам, но сакам да ви кажам на сериозноста и итноста во која постапува ова обвинителство со самиот факт што тројца обвинители вчера остварија состанок со колегите од Косово се со намера да не се одлговлекува постапката за да може сите дејствија кои што се неопходни во делот на истражувањето на овој случај побрзо да бидат преземни, рече Јовески.

Васев ако не за скандалот со Онкологија кој предизвика големи реакции во јавноста, може да се спаси од делото за кое е сега на суд, бидејќи случајот согласно измените на КЗ сега наместо за 10 години му застраува за 6 години, односно во ноември 2024. Раичевиќ вели не се чувствува навредена од измените.

Што и да се случи. Каква промена. Каков атак или упад на системот, како што беше оквалификуван од академик Камбовски за јавниот обвинител не смее да предизвика навреда или било каква емоција.Она што јавниот обвинител треба да го направи е во името на правдата побара кои се аргументите за донесување на овој закон. Јас лично не сум задоволна од аргументацијата изнесена досега, вели Раичевиќ.

До Васев на обивнителна клупа се уште двајца доктори од Онкологија, Игор Стојковски и Марија Симоновска. Тие се товарат дека 3 месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, по што здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019. Тие пред судот кажаа дека не се чувствуваат виновни. Главната расправа на судењето е закажана за нареден месец, на кој ќе се сослушуваат вештаците.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе