Вести Најважни Свет

Вучиќ: Курти е единствениот виновник за сѐ што се случува на Косово

Група Срби од Косово и Метохија синоќа поставиле барикади во српското село Бањска, а откако косовската полиција пристигнала и се обидела да ги отстрани, настанал судир при што бил убиен еден косовски полицаец, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со целодневната драма која се одвиваше во селото.

Тој тврди дека целата меѓународна заедница ја предупредувал дека ќе дојде ден кога Србите ќе се побунат, не можејќи повеќе да го трпат теророт и ќе наседнат на провокациите од Курти. Според Вучиќ, Курти е единствениот виновник за сѐ што се случува на Косово.

Не сакаше да го спроведе создавањето на Заедницата на српски општини, а тоа ни денеска не го сака. Ги остави луѓето да мораат сами да се грижат за својата судбина, и цело време провоцираше и провоцираше. И жал ми е што дел од Србите наседна на тие провокации. Албин Курти е единствениот виновник, Албин Курти е единствениот кој посакува судири и војни. Ниту еден друг човек не посакува судири и војна, освен Албин Курти. Негова животна желба е да нѐ вовлече во војна со НАТО, и нема ниту една друга желба, рече вучиќ.

Попладнево косовскиот премиер Албин Курти, по состанокот на советот за безбедност одржа пресконференција на која го обвини Белград за оркестрирање на овој напад, кој според него го извршува добро организирана и опремена криминална група.

Значи, ова не е некаква борба со вооружени цивили, туку со луѓе кои се опремени со тешко вооружување и претставуваат голема опасност, на само по уставниот поредок и законите на Косово, туку и по безбедноста на сите граѓани, рече Курти.

Вооружените лица по престрелката на влезот во селото упаднале во манастирот и околните објекти од каде што во текот на речиси целиот ден имаше спорадични истрели. Три лица загинаа во престрелките, според косовската полиција, а едно лице од оваа група беше уапсено. Две лица од вооружената група се тешко повредени, додека во вооружениот судир повредени се и тројца косовски полицајци.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе