Вести Култура Топ вести

Последни подготовки пред отворањето на 44 Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Во Битола се прават последните подготовки пред вечерашното отворање на 44 Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Веќе пристигаат гостите, меѓу кои е и оскаровецот Питер Бижу, кој е годинашен доботник на наградата „Златна камера 300 за животен опус“. На фестивалот што ќе трае до 29 септември ќе бидат прикажани 79 филмови од престижните светски филмски фестивали, а тој ќе започне со македонската премиера на филмот „Домаќинство за почетници“, на Горан Столевски.

Имам статив како овој, рече Бижу разгледувајќи експонат под стакло во Центарот за култура во Битола.

Ова го кажа  оскаровецот и годинашен добитник на „Златка камера 300 за животен опус“, Питер Бижу, при денешното пристигнување во Центарот за култура во Битола , каде се прават последните подготовки пред вечерашното отворање на 44 Интернационален фестивал на филмската камера „ Браќа Манаки“. Бижу кој обично е зад камера, овој пат беше во центарот на медиумското внимание. Објективите не се тргнаа од него. Со директорот на фестивалот, Мони Дамевски, се прошетаа низ салонот и се качија на сцената , каде вечерва ќе се одржи свеченото отворање на „ Браќа Манаки“. Веќе е послан црвениот килим, на кој ќе продефилираат рекорден број гости и ѕвезди од светот на филмот, близу 400. Меѓу нив, двајца добитници на „ Оскар“ и двајца номинирани за оваа престижна награда на Американската филмска академија.

Годинава имаме двајца оскаровци, од кои едниот е овогодинешниот добитник на Оскар, Џејмс Френд, кои доаѓаат во Битола. Другиот е добитникот на наградата за животен опус, Питер Бижу.„На западот ништо ново“, е филмот што го доби Оскарот годинава за фотографија. Ни доаѓаат и двајца номинирани за „ Оскар“. Едниот е добитник на нашата специјална награда. Шејмас Мекгарви, е Ирец од Обединетото кралство, кој е најверојатно еден од петте најголеми имиња во светот на кинематограферите денес. Номиниран за „ Оскар“ е Лоренс Шер, исто така брилијантен кинематографер , Американец, кој што вам ви е познат по филмовите „Џокер 1“ и „ Џокер 2“, изјави директорот на фестивалот, Дамевски.

А, на актерката и продуцентка Лабина Митевска ќе и биде врачена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Фестивалот ќе започне со македонска премиера на „Домаќинство за почетници“, по сценарио и во режија на Македонецот со австралиска адреса, Горан Столевски. Филмот е македонски кандидат за наградата Оскар, следната година.

Годинашното издание на „Браќа Манаќи“ оди под мотото „Прекрасното непознато“ и ќе трае до 29 септември. Ќе бидат прикажани вкупно 79  исклучителни остварувања, на три локации во Битола.  Главната натпреварувачка програма вклучува филмови, кои според најавите , раскажуваат егзистенцијални човечки приказни. А, за најдобриот од нив ќе одлучува жирито  во состав Дарија Д’ Антонио, Доминико Лапорта, Ромен Лакурба и Теона Митевска. Ќе бидат прикажани филмови и во програмите за документарни, кратки и студентски остварувања, за кои исто така има посебни жирија. Фестивалот ќе го затвори нашиот филм „ Лена и Владимир“ на Игор Алексов.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе