Вести Македонија Топ вести

Ризични објекти како Пулс не биле во планот на ДЗИ за инспекциски надзор – докази на Обвинителство на судење за трагедијата

Материјални докази, односно документи од Дирекцијата за заштита и спасување беа презентирани на денешното рочиште за пожарот „Пулс“ кои покажуваат дека вакви објекти како кочанската дискотека иако биле високоризични воопшто не биле во плановите за инспекциски надзор на институцијата. Од 2012 до 2016 само еднаш имало план да се спроведе надзор во угостителски објект во Кочани, но не во кабаре, клуб или дискотека.

Шабан Салиу кој во тоа време бил директор на ДЗС, а сега е еден од обвинетите коментираше на дел од прикажаните документи дека тоа не е неговиот потпис или само кратко велеше „Не“. На што судијката Диана Груевска-Илиевска го праша дали сака да каже дека некој му го фалсификувал потписот или немал заменик да го извести. На ваквата одбрана на Салиу реагираа и родителителите на жртвите од пожарот.

„Денес во судница слушнавме одбрана дека дел од потписите не биле на обвинетиот, иако на документите стоело неговото име како директор и во еден момент остана впечаток дека најголемото прашање повеќе не е која ја водел институцијата и што се правело со години, туку кој го држел пенаколото“, изјави Александар Наунов, родител на жртва од пожарот“, рече  Александар Наунов, родител на починато дете.

И покрај тоа што документите биле официјално усвоени и архивирани и институцијата работела согласно нив, како што порачува Наунов, тогаш сотојбата станува уште посериозна.

„Ако некој навистина потпишувал наместо директор тогаш излегува дкеа во институцијата може некој да става туѓ потпис, да поминуваат планови, да се носат извештаи и никој ништо да не знае. Ако се знаело и се дозволувало тогаш повторно останува прашањето каде била контролата. Тешко е да се прифати логиката дека за функцијата важи заслугата кога се е во ред, а кога ќе се отвори прашање на одговорност одеднаш останува само потписот“, додаде Наунов.

Димитар Дангов, адвокатот на Салиу пред судот изјави дека дале забелешка дека дел од потписите не се на неговиот клиент, туку на заменик директорот за да не се дојде во ситуација да се врши споредување на два вида потписи.

„Ова ситуација е последица на обемноста во работењето на Шабан Салиу во период од 2012 до 2017 година кој е голем период во кој многу пати поради обемноста на работње на дирекцијата, со цел да нема застој во работењто на дирекциајта, припремените документи од службите биле потпишувани од заменикот во случаи на отсуство на директорот. Дадена забелешка е само последица во наведената насока а не и заради одбегнување на факти кои произлегуваат од тие документи“, рече Димитар Дангов, адвокат на Салиу

Обвинети се уште тројца поранешни директори на ДЗС, Аднан Џафероски, Беким Максути и  Џевад Селами, кој беше на функција кога се случи несреќата во „Пулс“, како и инспекторот Љупчо Грнчиштаров. Во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Марија Митевска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе