Вести Македонија

Гаши ја повика опозицијата да гласа за Законот за правична застапеност

Пратениците да покажат конструктивност и да работат за донесување на поквалитетен закон, наместо да блокираат, повика претседателот на Собранието, по најавата на партиите на Албанците во опозиција дека нема да гласаат за Законот за правична застапеност. Порача дека, блокадата нема да доведе до поквалитетен закон, туку заедничката работа.

„Можеме да дебатираме, да поднесуваме амандмани, да предлагаме, да повикуваме, имаме свикано јавна дебата, ќе ги слушнеме експертите, правниците, ајде да го подобриме законот, а не да го блокираме, не е тоа начинот. Не можеме да останеме имуни на навиките од минатото. Ќе ни треба уште повеќе време за менување на политичката култура. Јас ги повикувам сите пратеници да работиме заедно за подобар закон, не за блокада, тоа не е начин како би дошле до посакуваната цел, но сепак, пратениците, вклучувајќи ги и опозициските можат да ги употребат сите легитимни алакти кои ги имаат на располагање“, рече Африм Гаши, претседател на Собрание.

Опозициските партии се лути затоа што Комитетот за односи меѓу заедниците изгласа законот да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и од припадниците на немнозинските заедници.Од „Вреди“ им порачаа дека, законот решава многу досегашни проблеми, особено тие што беа предизвикани од Балансерот.

„Досега многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај. Законот го решава и проблемот со злоупотребите што ги видовме со балансерот. Самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама и никој не смее да си игра со идентитетот заради конкурс. Проверката ќе се врши врз основа на официјални податоци, вклучително и личната карта“, изјави Албрим Хоџа, „Вреди“.

Законот предвидува да се формира Координативно тело, кое ќе го предводи првиот вицепремиер, а пред кое извештаи ќе поднесуваат сите институции. За шест месеци од донесувањето, треба да се  донесе методологија што ќе ја уреди правичната застапеност, годишните планови за вработување и конкурсите. Таа ќе се заснова на последниот попис на населението.

Законот нема да важи само за вработувањата, туку и за унапредувањата на работното место. Во среда ќе се најде на пленарна седница, во прво читање.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјоделците бараат најмалку 16 денари за килограм пченица

Tea Dimkovska

Ризични објекти како Пулс не биле во планот на ДЗИ за инспекциски надзор – докази на Обвинителство на судење за трагедијата

Дејан Дејан

Утре на владина седница ќе се одлучува кој ќе биде нов претседател на Советот за македонски јазик 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе