Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ има документи за преговорите на владата со Груевски?!

Средбите и преписките на Груевски со актуелната власт се документирани, тврдат од опозициската партија кои обвинија дека,  Ковачевски и Ахмети преговарале амнестија за поранешниот премиер во азил, со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и да им помогне да се изгласаат уставните измени.

Милошоски обвини и дека, во моментов се разговара за нов закон за амнестија, со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања со Министерството за правда.

Со тврдењето дека поседуваат документација, од партијата излегоа откако Груевски на фејсбук побара од некогашниот човек од доверба, кого го поддржа да седне во неговата фотеља,да го поткрепи обвинувањето кон него дека тајно комуницирал со владата за да издејствува уставни измени.

Оддалечени 800  километри еден од друг, поранешниот и актуелниот лидер војната ја префрлија на фејсбук.

Членството е поделено во поддршката, а пратениците поединечно објавуваат статуси со поддршка на Мицкоски и ветување дека нема да гласаат за уставни измени по никаква цена.

СДСМ, пак, побараа да бидат изземени од меѓусебната пресметка во опозициската партија.

Во меѓувреме, од ДУИ го дообјаснуваат нивниот лидер, по интервјуто во кое зборува за средби во изминативе три години меѓу него, Груевски и Заев, на кои се договарале измени на Кривичниот законик. Тврдат дека тој всушност зборувал за преговарачкиот процес во Пржино.

Меѓу бројните шпекулации за тоа кој со кого преговарал се најде и таа дека всушност министерот за надворешни работи месецов се сретнал со Груевски во Будимпешта. Османи беше во Унгарија на 7 септември, кога се обраќаше пред амбасадорскиот совет на оваа држава.Сепак, тој демантираше дека имал средба со поранешниот премиер во азил.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе