Вести Македонија Најважни

Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, прв куртули со новите измени на КЗ

Поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ е првиот што ги почувствува поволностите што ги донесоа новите измени на Кривичниот законик. Тој, во јуни беше осомничен во истрагата „Феникс“ дека како функционер ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“.

Оттогаш до минатиот петок беше во куќен притвор. По предлог на обвинителот, судот му го укина ова ограничување на слободата, пишува Призма.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

A потоа, во моментот кога истрагата ќе биде запрена, Тодоровиќ, од судот може да бара да му биде исплатена отштета поради тоа што два и пол месеца неосновано бил во куќен притвор.

Надомест за притворот кој со запирањето на истрагата би бил неоснован, може да побараат и обвинетите функционери за кои настапува застареност на кривичното гонење.

И не само тоа. Ним треба да им бидат исплатени судските трошоци за водењето на постапките.

Од јавното обвинителство, за БИРН, велат дека на проширен колегиум, најверојатно следната недела ќе ги разгледуваат прашањата за промените на Кривичниот законик, но дека секој јавен обвинител ќе се води според индивидуалните предмети што ги застапува пред судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе