Вести Македонија Најважни

Квалификувано мнозинство наспроти вето – Француско –германска експертска група со предлог-реформи за проширувањето

И ЕУ и Западниот Балкан да бидат подготвени за проширување до 2030 по што Унијата би се проширувала во рунди, поточно по памали групи земји наречени „регата“, а кои би се базариле на принципот на залуги. „Регатата“ би ги зела предвид и потенцијалните билатерлани конфликти. Ова се дел од предлозите на експертскиот извештајот на „групата 12“ иницирана од француската и германската влада за институционални реформи на Унијата, презентиран денеска во Брисел, каде во делот на проширувањето се предлага отворањето и затворање на поглавјата во процесот на пристапни преговори, наместо со едногласност од земјите-членки тоа да се прави со квалификувано мнозинство.

„Новите фази треба да бидат одобрени од квалификувано мнозинство за да се избегнат поединечни земји-членки да го блокираат напредокот од национални причини. Конечната одлука за фактичкото пристапување на секоја земја кандидат мора да биде направено со ’двојна едногласност’ на сите земји во Европскиот совет и национални ратификации на пристапниот договор“, стои во документот.

Дополнително, француските и гераманските експерти предлагаат и оневозможување на новите членки да го блокираат пристапот на другите кандидати, со впишување на таква калузула во нивните пристапни договори. Дополнително, пристапувањето би било разгледувано само откако билатерланиот спор би бил решен.

Групата од 12 експерти инаку работеле на три полиња на реформа на Унијата – заштита на владеење на правото, решенија за институционалните предизвици и продлабочување и проширување на ЕУ.

За проширувањето Групата 12 освен гласање со квалификувано мнозинство за да се спречат блокади од лични националнин причини за членките, предвидува уште осум други принципи кои треба да го подобрат овој процес. Прв е принципот на „почитување на основите“ – односно на Копенхашките критериуми. Пота следат принципот на решени конфликти кој предвидува земји да не можат да станат членки додека на нивна територија се води воен конфликт или имаат територијален конфликт со земја-членка. Следен е принципот на дополнителна техничка и финансиска помош на Унијата за спроведување на внатрешните реформи во земјите-кандидати, а петти демократскиот легитимет на кандидатките. Предвиден е и принцип на еднаквост, поточно пристапните критериуми да бидат еднакви за сите.

„Брза трака ќе го оштети ЕУ интеграциија и ќе ја намали довербата во другите земји кандидати“,

Експертите сметаат дека потребна е и поголема секторска интеграција на земјите-кандидати, додека фазниот пристапот на поголемо учество во ЕУ институциите, според нив, треба да се доразвие. Во случај фазниот принцип во ЕУ институциите да биде применет, тие предлагаат земјите-кандидати кои ќе заостануваат да сносат последици за да се зачува рефорскиот момент кај сите кандидатки.

Во делот на системски реформи на ЕУ, групата од 12 експертите смета дека бројот на пратеници во Европскиот парламент треба да остане 751, но со нов систем на алокација на местата по Кембриџ формулата. Системот „трио“ за ротирачкото претседателство со Европскиот совет предлагаат да биде сменет во полза на „квинтети“ или намалување на големината на Европската комисија на две третини од земјите-членки или да се развие модел на хиерахија.

Извештајот ја подвлекува и потребата од реформирање на процесите на донесување одлуки во рамките на Советот. Според француските и германски ксперти, пред следното проширување, сите преостанати политички одлуки треба да преминат од едногласно, во гласање со квалификувано мнозинство. Дополнително, освен во надворешната, безбедносната и одбранбената политика, ова треба да бидат придружено и со одлука од ЕП. Доколку тоа не е можно се предлага гласањето со квалификувано мнозинсто да биде вклучено преку три пакети групирани по области на политики за да се овозможи правична рамнотежа на отстапки помеѓу одделни земји-членки. За таа целс се даваат три препораки:  создавање „заштитна мрежа за суверенитет“ што ќе им овозможи на земјите-членки да ги изразат своите виталните национални интереси во одлуките со квалификувано мнозинство. Потоа, ребалансирање на поделбата на гласови, за да се одговори на загриженоста на помалите до средни земји-членки, како и механизам за откажување.

Експертите притоа ја нагласуваат и потребата за итна акција за подобрување на функционалноста на ЕУ, предлагајќи листа на почетни чекори пред следните европски избори, додека посуштински реформи – вклучително и подготовки за ревизија на Договорите на ЕУ – да се спроведат во текот на новиот законодавен мандат.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе