Вести Македонија Најважни

Прекршување на Виенската конвенција, причина за протерувањето на руските дипломати

Прекршена Виенска конвенција е причината поради која од Македонија се протерани уште тројца руски дипломати. За потегот, кој беше обелоденет од портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, четири дена подоцна, МНР објави кусо соопштение, без повеќе детали.

„На 12 ти септември, во МНР беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација, кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, стои во соопштението на МНР.

Министерството не открива дали заедно со дипломатите, забрана за влез во Македонија добил и рускиот архимандрит, Васијан Змеев, кој како претставник на Московската патријаршија, често престојува во државата. Одговор за ова не добивме ниту од МПЦ.

Протерувањето на дипломатите, вчера Захарова го нарече „непријателски и неодговорен“ потег кој нема да остане без одговор.

„Забележуваме дека властите на Северна Македонија продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и ги водат билатералните односи, кои и онака се во длабока криза, во ќорсокак. Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за ирелевантна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари своjата важност во борбата против замислената „руска закана“, вели Захарова.

Во последните две години, со истото образложение, во три наврати од Македонија беа протерани вкупно 12  руски дипломати.Во 2018 та, државата мораше да ја напушти и друг нивни колега, во знак на солидарност со земјите од ЕУ поради случајот со труењето на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал.

Како одговор на сето ова, еден од двајцата македонски дипломати во амбасадата во Москва беше прогласен за „персона нон грата“ и мораше да ја напушти Русија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Со парите што ги зеде од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе