Вести Економија Топ вести

Млекопроизводителите очекуваат голема млечна криза, Битиќи денеска службено во Германија најави утре ќе се одлучува за млекото

Никој ниту не побарал, ниту не консултирал. Производителите на млеко зачудени, не знаат што точно Владата палнира да прави за решавање на млечната криза. Битиќи вчера најави дека утре на владина седница ќе се носат одлуки поради недостатокот на млеко, но за што станува збор не прецизираше.

Произвдоителите пак велат дека не се информирани ниту за тоа какви одлуки ќе се носат ниту пак кој ќе биде опфатен со тие одлуки.

– Ние досега воопшто  не сме консултрирани дали со Влада, дали со земјоделство,  дали ќе има млечна криза, дали има вишоци или има недостатоци, како сакаат владата и змејоделие така си тера. Мислам дека мерката ќе биде во насока на преработувачите бидејќи нема млеко, вели Тони Петковски производител на млеко.

И производителите на млеко и млечни производи за Телма брифираат дека и тие немаат информација што ќе се случува утре, ниту пак дали и какви мерки би се донеле.

Битиќи вчера рече дека на седница на влада во вторник, ќе се одлучува за недостатокот на млекото, а производителите ќе можат да интеревираат.

– Во млечната индустрија во вторник ќе биде донесена една од одлуките, тоа е дека на пазарот има недостаток на млеко, со што производителите ќе можат соодветно да интервенираат и од нивна страна да биде постигнат ефектот, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Производителите на млеко, предупредуваат дека млечната криза овој пат многу тешко ќе биде надмината. Ќе бидеме зависни и од други земји, од каде ќе се прави увоз на млеко со послаб квалитет.

– Како што молевме за лекови и за вакцини, така ќе молиме за млеко и млечни производи, додава Петковски.

Велат дека со години алармираат за проблемот со недостатокот. Многумина се откажале и ги продале кравите и повеќе никогаш нема да се вратат во бизнисот. Претходно и премиерот најави дека ќе имаме проблеми со млекото, поради војната во Украина.

Дел од производителите очекуваат кризата да се продлабочи следниот месец.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе