Кошарка Спорт

АБА лигата го враќа Супер купот

Според се уште непотврдени информации АБА лигата за оваа сезона планира враќање на Супер купот кој треба да биде вовед во новото издание од регионалното кошаркарско натпреварување.

Турнирот најверојатно ќе се одигра во Подгорица, а на него ќе настапат осумте најдобри тимови во последната сезона и според тоа покрај домаќинот Будуќност ќе партиципираат шампионот Партизан, финалистот во разигрувањето Црвена Звезда и Цедевита Олимпија, ФМП Железник, Мега, Задар и Студентски Центар.

Неофицијално се очекува пред да се играат решавачките дуели за пласман во првата секоја од екипите ќе игра по три натпревари што значи дека учесниците ќе бидат поделени во две групи по четири.

До сега одржани се три АБА Супер купа и тоа во периодот од 2017 до 2019 година кога следуваше прекин поради пандемијата, а трофеите ги освојуваа Цедевита, Црвена Звезда и Партизан.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе