Спорт Фудбал

Милано и Будимпешта кандидати за финалето во ЛШ

Европската фудбалска федерација ги објави градовите кои поднесоа кандидатура за домаќини на финалните мечеви во клупските натпреварувања за 2026 и 2027 година.

За домаќини на финалето во Лигата на шампионите во овој момент во конкуренција се седум града, а кандидатури поднесоа Будимпешта, Милано, Осло, Глазгов, Штутгарт, Гелзенкирхен и Минхен.

Германија која е единствена земја од која се пријавени три града до февруари следната година ќе мора го скрати списокот на најмалку два кандидати пред донесување на конечната одлука која би требало да се објави во мај 2024.

Домаќини на финалните дуели во следните две години се Лондон и Минхен што значи дека најголеми шанси да излезе од конкуренцијата има главниот град на Баварија.

Букурешт, Глазгов, Истанбул и дури пет града од Германија, Лајпциг, Диселдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен и Штутгарт се заинтересирани за финалните соочувања во Лига Европа.

Кај Германците најмал интерес владее за Конференциската лига тука во конкуренција е само Лајпциг кој ќе се бори со Ерусалим, Глазгов, Осло, Женева и Истанбул.

Финалните дуели во Лига Европа во следните две години ќе се играат во Даблин и Билбао, а домаќини на решавачките мечеви Конференциската лига во 2024 и 2025 година се Атина и Вроцлав.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе