Спорт Фудбал

Челзи врати половина од вложените пари во двата преодни рока

Новиот менаџер на Челзи, Маурисио Почетино во досегашниот тек од летниот преоден рок го скрати за 14 играчи списокот на фудбалери кои ги има на располагање, но во следниот период се очекува уште најмалку четири да ја сменат средината.

Од продажбата на дел од фудбалерите клубот од Стемфорд бриџ инкасираше сума од 280 милиони евра што е скоро половина од парите кои беа потрошени во последните два преодни рока.

Најголем приход донесе Каи Хаверц кој за 70 милиони евра замина во Арсенал, Мејсон Маунт на Манчестер Јунајтед му е продаден за 64 милиони, а Кристијан Пулишиќ и Рубен Лофтус Чик заедно на клубот му донесоа 36 милиони. Тука се уште Калиду Кулибали и Едуар Менди кои заминаа во Ал Хилал, а од нив двајца Челзи инкасираше 41,5 милиони евра.

Како слободни играчи клубот го напуштија Цезар Азпиликуеа и Н’Голо Канте, а по шест месеци минати на Стемфорд Бриџ, Жоао Феликс се врати во Атлетико Мадрид.

Според медиумите во Англија, Почетино нема да смета на Ромелу Лукаку, Хаким Зиеш, Пјер Емерик Обамејанг и Калум Хадсон Одои кои исто така наскоро ќе ја сменат средината.

Останува до крајот на летниот преоден рок, Почетино да се обиде да доведе уште некое засилување во екипата како би можел да биде конкурентен во трката за највисок пласман во Премиер лигата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Воска Спорт ја отпиша Македонија ЃП од трката за опстанок во ПМФЛ

Desk

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе