Вести Македонија Најважни

Зошто не се бараат оставки од Ахмети и Мерко –Пратенички прашања

Дали ќе побара оставка од Али Ахмети? Како неговиот внук, со сомнително образование, нагло се збогатил и на 24 години поседува четири фирми, а го купи и трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје? Дали очекува дека раководителот на јавното обвинителство за организиран криминал, близок до семејството Ахмети, да покрене постапка за овој случај и зошто не побара оставка и од него? Најновите случаи поврзани со ДУИ, беа во фокусот и на денешните пратенички прашања кои опозициските пратеници му ги поставија на премиерот.

Премиерот одговори дека, од пратеник и претседател на партија не може да побара оставка, збогатувањето не е поврзано со годините и треба да се провери од институциите, а во работата на јавниот обвинител не може да се меша.

Прашањето до министерот за правда беше, зошто не побара одговорност за непостапувањето во шестте случаи со Рамиз Мерко?

Усните прашања почнаа со задоцнување, затоа што првин беа читани одговорите на писмените 56 пратенички прашања од кои 49 беа поставени од власта. Од тие, 41 беа од пратеничката Илире Даути од ДУИ, по што опозицијата обвини за одолговлекување на седницата и обид да им бидат ускратени прашањата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе