Вести Македонија Најважни

Колку вреди Соравија која ја купува внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети- Соравија кон Тирана виа Зајас

На зградата пишува се издава, но центарот „Соравија“ всушност е продаден. На две фирми кои се под кирија на 11-от кат во истиот центар, а едната е на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Центарот има над 15.500 квадратни метри во деловни канцеларии и трговски единици, а доколку просечната цена на квадрат е само 2.000 евра, тогаш цената е над 31 милиони евра.

Според информации на Телма, зделката се договарала последните неколку месеци. Реализирана е на почетокот на јуни. Купувачи се фирмата „Тхор индустрис“ од Скопје во сопственост на Дрин Ахмеди, внук од брат на Али Ахмети и фирмата од Албанија „Пе-вла-ку ШПК“.

„Тхор“ е формирана пред три години и според сознанија на Телма, од добро информирани извори, изминатите три години немала многу трансакции, но сега учествува во купување на централен скопски деловен објект.

Дрин Ахмети е син на Фекри Ахмети, братот на лидерот на ДУИ, а во своето бизнис портфолио иако по возраст е на средина на дваесетите години, веќе има четири фирми.

„Тхор“ е за развој на градежни проекти, а има подружница за компјутерски консултантски услуги. Со „Еверест“ со кој добива и тендери се занимава со нискоградба, а работи и на каменолом со лиценца добиена од државата. „Хелиос плант“ и „Потам плант“ се фирми за производствена струја и се не внукот на Али Ахмети.

Министерот и партиски портпарол Бујар Османи за зделката во фамилијата на неговиот лидер се прогласи за неинформиран.

-Не сум, не сум чул. Сега доаѓам од пат. Немам информации. Јас го знам човекот сосема од друга линија, знам дека е претприемач, меѓутоа за ова навистина немам информации, одговори Бујар Османи на прашање на оваа жешка тема.

Другата фирма, од Албанија е позната тамошна градежна компанија која се сели во Македонија баш пред почетокот на градежните работи на коридорите 8 и 10Д кои треба да ги градат „Бехтел и Енка“.

Искуството на „Пе-Вла-Ку“ од Тирана сигурно може да им помогне да учествуваат во зделките кои ќе се отворат на коридорите, бидејќи во Албанија оваа компанија има изведено многу инфраструктурни проекти.

Последен во вредност од над 18 и пол милиони евра е обиколницата околу Тирана и пристапот до центарот на главниот град на Албанија, а „Пе-Вла-Ку“ е дел од троен конозрциум избран од владата на Еди Рама за да го работи проектот.

„Пе-Вла-Ку“ е активна и во Косово, а во Македонија го почнува бизнисот во дружба со внукот на лидерот на ДУИ. И тоа со купување на Соравија центарот кој е потпрен и поврзан со ГТЦ.

Австриската компанија потврди продажба на 90% од Соравија

Австриската компанија „Хано Соравија“ ја потврди продажбата на деловниот центар во најстрогиот центар на Скопје, потенцирајќи дека ќе задржат 10 отсто од акциите.

„Хано Соравија ГМБХ“ ќе продаде 90 отсто од акциите во два нејзини клучни субјекти, „Соравија Инвест ДООЕЛ“ и „Соравија Менаџмент’“ ДООЕЛ, притоа задржувајќи 10 отсто од акциите. Уверени сме дека „Пе-Вла-Ку Ш.П.К’ и „Тор индустри“ ДООЕЛ се идеално позиционирани да ги преземат уздите и дополнително да го поттикнат растот на „Соравија Инвест“ ДООЕЛ и „Соравија Менаџмент“ ДООЕЛ“, “, се вели во соопштението на компанијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе