Вести Македонија Најважни

(Видео) Јас да бев на црна листа ќе дадев оставка и ќе ми беше најголем пораз, премиерот Ковачевски за „маката“ на Мерко и го „боцка“ без директно барање за оставка

Премиерот Димитар Ковачевски не побара оставка од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој е од неговиот коалиционен партнер ДУИ туку смета дека сите советнички групи треба да се состанат со градоначалникот за да видат што ќе прават во иднина.

Премиерот Ковачевски вели доколку тој се најдел на листата на САД, не само што ќе поднесел оставка, туку тоа ќе го сметал за најголем пораз во неговата лична и професионална кариера, а една од причините е и што претходно се школувал во Америка.

Сепак не побара директна оставка од Мерко туку рече дека треба заедно да седнат и да видат како понатаму ќе функционира државата.

Ковачевски повтори и дека не е јасно како „Американците од растојание од 8.000 километри“ виделе корупција покрај Дрим во кабинетот на Мерко, но не ја виделе надлежните во обвинителството и судството.

На ривалите од ВМРО-ДПМНЕ кои ја критикуваат американската корупциска „диплома“ која ја доби коалицијата на СДСМ и ДУИ, Ковачевски рече дека за нив има предмет поврзан со криминалната изградба на седиштето и рече дека ВМРО-ДПМНЕ да се заинтересира за нивниот предмет и кој „го држи во фиока“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе