Вести Македонија Најважни

Нема лекарска грешка, причина за смртта на малата Јана е инфаркт од пневмонија – извештај од обдукцијата на Судска медицина

Нема лекарска грешка во случајот на малата Јана Христовска. Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана.

„Се знаеше дека и обдукцијата ќе биди иста како што се изјасни и ДСЗ, така и Судска медицина. Јана почина од срцев удар поради тешка пневмонија која го воспалила срцевиот мускул. Како тоа се случи во еден час кога однесовме девојчето? – Пишува дека има вируси, но нема кој вирус е присутен за да дојди до толку тешка бронхопневмонија. Ја однесовме свесно и на нозе, а како мое да дојде до смрт и срцев удар после примената инфузија“, се прашува Кристина Христовска, мајката на Јана.

Адвокатот на семејството денеска до Обвинителството доставил барање за вештачење на компјутерот во Битолската болница каде е евидентиран целиот третман на малата Јана од приемот  до нејзината смрт, затоа што има различни изјави за времето кога точно почина Јана Христовска.

„Некаде пишува дека во 13:20 почина, некаде пишува дека во 15:30 почина. Анестезиологот кажува едно, лекарите од Детското одделение кажуваат друго. Изјавите не се совпаѓат. Адвокатот испрати писмено барање до ОЈО  да се вештачи компјутерот дали во тие 2 часа прикривале или менувале нешто во извештајот во компјутерот“, вели Кристина, мајката на Јана.

Родителите сега чекаат Битолското обвинителство да донесе одлука дали ќе има обвинение за лекарска грешка. Потоа тие ќе одлучат дали ќе бараат и странска експертиза затоа што останува нивниот сомнеж дека при лекувањето на 6-годишната Јана се направени пропусти.

Јана почина на 22 март само неколку часа откако родителите ја донесоа во Детското одделение во Битолската болница, како што тврдат со симптоми на блага настинка. Велат дека состојбата нагло и се влоши по промената инфузија и  обвинија за лекарска грешка. . Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција. Смртта на Јана предизвика голем револт и бура од реакции во јавноста, во неколку наврати беа организирани и протести на кои се бараше одговорност за прерано згаснатиот живот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе