Вести Култура

Гала концерт на Белградската филхармоија и маестро Зубин Мехта

Со вечерашниот концерт на легендарниот маестро Зубин Мехта и Белградската филхармонија започнува регионалната турнеја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. Со овој концерт Белградската филхармонија го одбележува јубилејот 100 години од основањето. Билетите за концертот беа продадени за само неколку дена. За Мехта ова е 11 концерт по ред со Белградската филхармонија. На програмата се „Симфонијата бр. 7“ од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз, дела кои биле изведувани и на првиот концерт на Мехта со Белградската филхармонија во далечната 1958 година.

За маестро Зубин Мехта токму јазикот на музиката, ја има моќта да гради мостови меѓу различните култури и секогаш треба да инсистираме на тој меѓукултурен дијалог.

За важноста на иницијативата „Отворен Балкан“, моќта на уметноста во креирањето на дијалогот  и аспектите на културната соработка во регионот говореа и Костадиновска Стојчевска и Гојковиќ.

Претстојните концерти на Белградската филхармонија под диригентство на Зубин Мехта се закажани за 22 јуни во Националната опера во Тирана и во Скопје на 24 јуни во Македонската филхармонија. Концертот со Белградската филхармонија ќе биде трет настап на Мехта во Скопје. Првиот беше во 1967 година кога настапи со Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес во Универзалната сала, а вториот во 2007 година кога го предводеше концертот на Израелската филхармонија во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе