Вести Култура

„Јадро“ реагира за неисполнети обврски на Министерството за култура и на Град Скопје кон независната културна сцена

Министерството за култура доцни со распишување на конкурсот за проекти од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура, реагираат од Асоцијацијата Јадро“, која обединува невладини организации и поединци од независната културна сцена. Станува збор за конкурс преку кој државата покрива 20 од 40 отсто од потребните средства, а останитите 60 отсто се европски пари. Од „Јадро“ доцнењето на конкурсот го сметаат за крајно неодговорен чин од ресорот Култура.

„Тоа не се средства лично на министерката, тоа се средства на граѓаните. И тие заслужуваат да добијат квалитетна културна сцена. А, квалитетна културна и уметничка сцена може да се добие само ако културните работници навреме имаат можност да планираат и да си ги организираат средствата. Да го организираат времето и да ги прават сите тие партнерства со нивните колеги низ Европа“, вели Јордан Шишовски, потпретседател на Асоцијацијата „Јадро“.

Шишовски вели и дека министерството не ги исплатило надоместоците на самостојните уметници за последниве три месеци.

„Да се исплатат не само овие средства, туку министерството да биде редовно  во исплаќање на средствата бидејќи знаете дека никој не чека кога треба да се плаќаат секакви сметки. Така и културните работници. Имаат сметки за плаќање, имаат дечиња“, додава Шишовски.

Од Министерството за култура велат дека конкурсот за учество во финансирање на проекти на правни лица, поддржани од програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура, ќе биде објавен во септември, заедно со годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес по дејности и области, со цел негово соодветно администрирање. А, за исплатата на надоместоците за самостојните уметници, од ресорот демантираат дека е во застој. Велат дека во тек е исплатата за месец мај, согласно процедурите и динамиката на овие ставки.

Од „Јадро“ реагираат и за доцнењето на објавата на резултатите од ланскиот конкурс на Град Скопје за подршка на проекти од културата. Но, иако побаравме, од Градот нема одговор зошто се доцни и дали и кога ќе бидат објавени резултатите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе