Вести Култура

Отворена изложбата „ Дефрагментација“ со која МСУ се вклучува во одбележувањето на 60- годишнината од скопскиот земјотрес

Дела од колекцијата на Музејот на современа уметност ја сочинуваат изложбата „ Дефрагментација“, со која оваа наша национална установа се вклучува во одбележувањето на 60- годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

На изложбата се прикажани 96 дела од 86 уметници од Чешка, Полска, Словачка и Унгарија- земји од Вишеградската група. Уметниците ги подариле на Скопје во знак на солидарност по катастрофалниот земјотрес 1963. А, собирањето на збирката низ годините по земјотресот придонело да се формира и самиот Музеј на современа уметност.

Во овие несигурни времиња поставката ја нагласува важноста на концептот на солидарност.

За нашиот музеј секако е важен концептот на солидарност бидејќи тоа е основната линија врз која се заснова и неговото функционирање. Секако, времињата се менуваат, а наша задача е да потсетуваме постојано на важноста на солидарноста. Со нагласок на тоа дека и во последниве години исто така е обновен тој принцип зашто и уметниците кои изложуваат во тековните изложби, донираат дела, истакна кокураторот на изложбата Владимир Јанчевски.

Од околу 5300 дела во колекцијата на МСУ, една десетина се дела од земјите од Вишеградската група. Изложбата фрла светлина врз развојот на уметноста во тие земји, од 1905 до 1989 година.

Ги опфаќа сите правци во уметноста во сите оние класични медиуми , од сликарството, преку скулптурата се до графичките техники. И ги опфаќа различните изразни теми, од пејзажот, преку портретите, апстракцијата… И правците како кубизмот, реализмот, фигурацијата и геометриската апстракција, вели Благоја Варошанец-кокуратор на изложбата.

Изложбата „ Дефрагментација“ е подржана од амбасадите на Полска, Словачка, Чешка и Унгарија во Македонија. За јавноста ќе биде отворена до 15 септември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе