Филмови

ЛАВОВСКА БОРБА петок, 16 јуни 2023 – 22:15

Ова е динамична, адреналинска драма за светот на боксот без ракавици.

Филмот го истражува комплицираниот однос на братска љубов помеѓу браќата Камински, Стенли и Лион, кои работат во фабрика во Фол Ривер, Масачусетс и заработуваат колку за да преживеат. Тие сонуваат да се преселат во сончевата Калифорнија и таму да отворат хемиско чистење, но околностите не им дозволуваат да успеат. Тие се мачеа низ животот, но секогаш едвај врзуваа крај со крај. Нивната единствена надеж да избегаат од Фал Ривер е Лион (лав) – боксер кој боксува без ракавици и има суров, животински талент и природна дарба за борба. Стенли се нарекува себеси „мозокот на операцијата“, дејствувајќи како мотивациски тренер и бизнис менаџер на Лион. Борбите почнуваат, Стенли зема големи облози, но, Лион ќе го загуби мечот. Стенли сега е во големи долгови и мора да го испрати Лион да се бори во Џунглаленд. Дали ќе може да победи и дали Стенли ќе си го плати долгот?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе