Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ѝ направил услуга на ДУИ со барањето на влада без неа, со што на лидерот на Интегративците, Али Ахмети, му оставил простор со понудата за повлекување од владата да се претстави како некој што интересите на државата ги става над интересите на партијата.
Вака аналитичарот и извршен директор на „Демократска лабораторија“, Сефер Селими, за Телма ги толкува последниот случувања на политичката сцена, пред се вчерашната одлуката на Централнотот претседателството на ДУИ, партијата да поддржи владата без нив дента кога уставните измени ќе стапат на сила.
Барањето ДУИ да не биде дел од власта, како еден од двата услови уставните амандмани да добијат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ ја испорача Мицкоски на лидерската средба со претседателот на СДСМ и пример, Димитар Ковачевски.
