Вести Економија Топ вести

ЕСМ денеска ќе ги испорача пресметките до Владата за новата цена на струјата

Привршуваат пресметките на ЕСМ за нова цена на струјата. Денеска треба да ги испорачаат до владата. Дали таа ќе биде повисока од 56 евра за мегават час или ќе се продава за пониска цена, Владата во улога на сопственик на Електрани ќе одлучува на затворена седница.

Според информации на Телма, анализите на ЕСМ покажуваат дека ако ја продаваат својата струја по цена од околу 70 евра за мегават час во следниот период, компанијата нема да работи ниту со добивка ниту со загуба, туку ќе биде на нула. Од тоа каква ќе биде цената на ЕСМ, најмногу ќе зависи какви сметки за електрична  енергија, ќе плаќаат граѓаните до крајот на годината.

Меѓувреме, Регулаторна ги разгледува пресметките од останатите енерегетски компании кои ги доставија уште минатата недела. МЕМО бара зголемување за над 80 отсто, Електродистрибуција за над 30, а МЕПСО бара зголемување на цената на својата услуга за над 50 проценти. Но, што од барањата ќе биде прифатено, а што не Регулаторна допрва ќе утврдува.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе