Вести Најважни Свет

Скандал во Грција – починаа 15 деца по операција од ист кардиохирург

Грчката полиција и правосудството почнаа тајна истрага за големиот број на деца кои починаа за време на операции на срцето извршени од ист кардиохирург.

Во центарот на случајот што го објави весникот „То Вима“ е детски кардиохирург против кого родителите поднесоа писмена жалба во 2021 година. Во извештајот се наведени 15 смртни случаи во најмалку една клиника за детска хирургија. Родителите тврдат дека споменатиот доктор е „лажен месија“. Тие се жалат дека за време на 70 операции извршени од 2020 до 2021 година во една клиника, 20 отсто од децата починале, додека многумина никогаш не се освестиле и живеат како растенија, пренесува весникот „Прототема“.

Според информациите, споменатиот доктор на почетокот на 2019 година бил избркан од приватната болница, која потоа сменила сопственици. Тој отишол во друга приватна болница, но и оттаму бил отпуштен, додека одделот каде што оперирал ја загубил лиценцата за вршење детска кардиохирургија.

Истото се случило и во третата болница, а денеска, според последните информации, посочениот доктор е во Истанбул, каде, исто така, се соочува со десетици пријави.

Според родителите, лекарот давал бројни оправдувања зошто операцијата не успеала, обвинувајќи ги апаратите или персоналот на интензивна нега, па дури и ги обвинуваше и родителите за наводно одложување на операцијата на децата.

Шеесет и тригодишниот доктор, кој е тужен од родителите, на јавноста и бил познат по својата добротворна работа, а имал отворено и непрофитабилна фондација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе