Вести Култура Магазин

(Фото+Видео): Живи статуи во Скопје за 7-от „Статуафест“ – Голема брзина на стоењето

Дожд имаше но не го спречи главниот културен настан викендот. Се одржа 7-то издание на „Статуафест“.

Застанете, разбудете ги благородните чувства во себе, сакајте се и забавувајте се. Ова е пораката од 7 издание на фестивалот на живи статуи – „Статуафест“, кој викендов се одржа на улица „Македонија“ во Скопје.

Петнаесетина актери и студенти низ нивните ликови одговорија на зададената тема против екстремната динамика на животот, под наслов „Голема брзина на стоењето“.  Фестивалот го организира продукцијата „Театроск“.

„Времето во кое живееме е пребрзо и мене лично како човек ми пречи тоа. Ми пречат сите брзи движења , луѓе на телефони, замислени, брзи автомобили, свирежи по улици. И тоа ми создава бучава. И одлучив дека оваа година ќе направиме фестивал кој што ќе испрати порака до сите нас заедно дека треба малку „да ја спуштиме топката подолу“, изјави Војо Цветановски од продукција „Театроск“.

Иако дождливо време и ветер сакаа да го расипат саботното попладне, на улица Македонија во Скопје имаше многу „посетители“ на фестивалот. Минувачите застанаа да се сликаат и да ги погледнат живите експонати на фестивалот.

„Да застанеме, да поминеме убави моменти со нашите бидејќи се тука. Треба да го почитуваме моментот додека ги имаме на овој свет, на оваа земја . И тоа е пораката, повеќе да се љубиме“, изјави актерката Христина Цветановска.

„Сме застанати на овој дожд , меѓутоа нашата љубов кон уличната уметност и кон живите статуи нема никогаш да запре и тоа го покажуваме со нашиот акт“, изјави Томе Станковски, актер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе