Вести Култура Македонија

Иницирана обнова на лекторатот за македонски јазик во Тирана

Интензивно се работи на иницијативата повторно по 10 годишна пауза да се отвори Лекторат по македонски јазик на државниот Универзитет во Тирана, Албанија, за што веќе се преземаат и конкретни чекори, соопштија од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Идејата е на македонското културно друштво Илинден од Тирана, а со дипломатски заложби остварена e средба со првите луѓе на престижниот Факултет за странски јазици на државниот Универзитет, од каде има сериозна поддршка за вложување во македонистиката во Албанија. На потег се македонските надлежни министерства да ја забрзаат целата постапка.

„По итно да се добие дозвола за место- лектор по македонски јазик на државниот универзитет во Тирана. На потег се Министерствата за образование и за финансии. По таа дозвола ние ќе треба да распишеме конкурс, да го одбереме соодветниот кандидат и од новата академска година да испратиме лектор по македонски јазик на факултетот по странски јазици“, вели Весна Мојсова Чепишевска, директорката за МСМЈЛК.

На состанокот на Факултетот за страснки јазици е констатирано дека е потребно да се овозможи македонскиот јази  во Тирана да го изучуваат сите студенти кои ќе се посветат на изучувањето на словенските или балканските јазици, а на почетокот, наставата да се одвива во два, па потоа и во четири семестри. Потоа постепено да се создаваат услови  да има и посебен студиум по македонистика.

„Можеби е најдобро да се почне со македонски јазик 1 и 2, во зимскиот и летниот семестар како вовед, а потоа ако се покаже интерес да се развие во македонски јазик 3 и 4. Во догледно време ако и самиот лектор види дека има интерес да се воведат и предмети македонска книжевност, македонска култура во балкански контекст, итн.“, вели Мојсова Чепишевска.

Новиот лекторат целосно ќе биде финансиран од македонската држава, која треба да ги обезбеди сите потребно материјали за лекторатот. Меѓу најголемите предизвици се и платите на лекторите во странските држави кои се исклучително ниски, на што треба сериозно да се размислува за нивно покачување велат од Меѓународниот семинар за македонски јазик.

Инаку Македонија има 10 активни лекторати во Кина Турција, Руската Федерација, Полска, Унгарија, Романија, Хрватска, Словенија, Србија и уште 10 центри  во странство каде се изучува македонскиот јазик.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе