Вести Култура

Вработените во Филхармонија бараат итна средба со премиерот за надминување на проблемот со сместувањето на Џез оркестарот во нивната зграда

По протестите пред Министерството за култура, вработените во Филхармонија денеска излегоа на протест пред Владата. Незадоволни од нејзината одлука за привремено сместување на новиот Џез оркестар во зградата на Филхармонијата до неговото правно оформување, вработените од оваа национална установа во знак на протест го свиреа „ Тешкото“ , од композиторот Глигор Смокварски. Од протестот побараа државата да ги заштити како прв и единствен симфониски оркестар во земјава кој постои 79 години, а премиерот Ковачевски да се вклучи во решавање на проблемот.

Бараме итна средба со премиерот  за побрзо надминување на проблемот, во кој сме турнати  без наша вина. Нашата институција сосема непотребно е ставена во ситуација која треба да биде надмината и апелираме што поскоро да се најде решение. Потсетуваме дека и покрај известувањето на Министерството за култура дека работат интензивно на проблемот со сместување на новоформираниот Џез оркестар во Филхармонија, до моментот не го решија проблемот, вели владимир лазаревски, претседател на синдикалната организација на филхармонија.

Покрај изведбата на „ Тешкото“ , вработените во Филхармонија, протестираа и преку поставени транспаренти на оградата. А, на еден од нив стоеше пораката „ Блокирана сметка не е решение“. Дали Министерството за култура им ја блокирало сметката во знак на одмазда, одговор побаравме во  ресорот. Но, од таму демантираа дека сметката на Филхармонија е блокирана.  А, од Владата велат дека преку Министерството за култура, од моментот кога е донесена одлуката за формирање на Џез оркестарот се ангажирани за пронаоѓање трајна адреса за новата установа.

Во одлуката јасно е наведено дека новата установа административно и времено е со седиште во објектот на Филхармонија, до потребниот временски рок за нејзино формализирање. Овој временски рок ќе биде децидно запазен, велат од владата.

Протестите на вработените во Филхармонија започнаа од крајот на април, со образложение дека нема просторни, ни технички можности двете установи да работат под ист кров.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе