Вести Македонија Најважни

Го добивме договорот со „Бехтел&Енка“, најмногу ни тежи од сите и во тек е негова анализа, вели Ивановска од ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзороциум „Бехтел&Енка“, што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.

„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо. Тимот е составен од четворица советници, секој специјалист во својата област.

„Тој предмет ни тежи најмногу од сите. Сите сили се вложени за да биде што побрзо“, изјави Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски” во Општина Центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со боксови и клоци ја тепал сопругата, поради тестамент – се заканувал дека ќе ја запали и куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хипер хлорирање на водата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе