Компанијата „Тара 2016“, во сопственост на Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, донесе одлука за враќање на враќање на земјиштето ид објектите во рамки на тенискиот центар „Новак“ на Град Белград.
Во соопштението се наведува дека одлуката не била нималку лесна.
„Долго време размислувавме и донесовме нималку лесна одлука да престанеме со работа и водење на земјиштето, објектите и чувањето на тениската оаза по повеќе од десет години. Со голема благодарност го враќаме земјиштето на Град Белград“, се наведува во дел од соопштението на компанијата.
Управниот одбор на компанијата, како што се додава во дописот, во иднина ќе се фокусира на нови проекти од кои дел ќе продолжат со тениски развој на деца и млади.
