Вести Македонија Топ вести

Се пролонгира одењето во затвор за Стевче Јакимовски – судот ја „чешла“ неговата медицинска документација

Се пролонгира одењето во затвор на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Судот сè уште ја проверува медицинската документација со која тој бараше да му одложи се издржувањето на едногодишната затворска казна. На 2 јули беше рокот кој првично му го даде судот за да се појави во затворот во Шуто Оризари, но тој поради здравствени причини побара одлагање. Сега од кривичниот суд во Скопје информираат дека се проверува релевантноста на документите издадени од две приватни болници. 

„Судијата за изршување на санкции по приемот на барањето веднаш пристапи кон проверка на приложената документација и до двете приватни здравствени установи кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка како и ургенција, по кои сè уште се чека одговор како би можело да се донесе соодветна одлука“, соопштија од Кривичен суд Скопје.

Јакимовски е осуден за бесправно градење, со правосилна пресуда, откако Апелациониот суд ја потврди казната на првостепениот. Бесправното градење се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена Општина Карпош. Јакимовски има речиси пет месеци издржано мерка притвор поради што му преостануваат уште седум месеци од казната. Смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината, бидејќи тој смета дека ќе има нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот прв човек на скопската општина, Сотир Лукровски.

Апелација му ја поништи казната од три години затвор за злоупотреба при издавањето на уверенија за општинската барака, но го врати на повторно судење за друго дело. Јакимовски обвини дека е прв и единствен случај во сите судови низ земјава некој да оди во затвор за дивоградба. Побара врховниот суд да не подлегне под притисоците, бидејќи таму сега се жали, но тоа не го одложува издржувањето на казната. Денеска од судот информираат дека новиот рок по кој судијата треба да донесе одлука дали Јакимовски ќе оди в затвор е 12 јули.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата во јуни позајми над 50 милиони евра од домашниот пазар

Дејан Дејан

Пелагониските сточари на протест, бараат исплата на субвенциите и повисоки откупни цени

Sasko Dimovski

Околу 150 телефонски разговори меѓу обвинетите во ИПАРД на следното рочшите – денешното се одложи, на обвинет му се слошило во притвор

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе