Вести Македонија Најважни

(видео)Здравство и Социјална политика се враќаат кај ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски објави детали за владината реконструкција

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Директно“, ги откри деталите за претстојната реконструкција на владината коалиција и новата распределба на министерските ресори. Според неговите најави, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе два клучни ресори, додека коалициското мнозинство се очекува да се зголеми со влез на нови партнери.

Мицкоски појасни дека во оваа реконструкција, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади, кои досега беа под раководство на коалиционите партнери.

Останатите партнери во владата исто така ќе претрпат промени во ингеренциите:

– Коалицијата „Вреди“ ќе управува со ресорите култура, правда и Министерството за политички систем (поранешното министерство за Рамковен договор).

– Движењето ЗНАМ го добива ресорот земјоделство, а дополнително се очекува да добијат и уште едно заменик-министерско место во текот на есента.

Една од позначајните структурни промени е одлуката да не се именува потпретседател на Владата задолжен за добро владеење.

Мицкоски смета дека овој концепт е поефикасен доколку биде директно под ингиренции на неговиот кабинет.

  • „Ценам дека како концепт би бил најпродуктивен доколку биде дел од мојот кабинет. Таму веќе имаме секретари задолжени за следење на реализацијата на програмата на Владата и за владините политики,“ истакна премиерот, додавајќи дека на овој начин се намалува бројот на членови на Владата, а се зголемува ефикасноста.

Мицкоски потврди дека се во тек интензивни преговори со Турската демократска партија (ТДП) за влез во владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија во моментов има еден пратеник во Собранието.

  • „Разговараме за подолг период, стратешко партнерство кое би траело до локалните избори во 2029 година. Со ова дополнително ќе се зголеми владиното мнозинство,“ изјави Мицкоски.

Иако во јавноста веќе кружат имиња за новите министерски позиции, премиерот одби да ги потврди шпекулациите пред официјалниот состанок на Извршниот комитет на партијата. На прашањето дали Сашо Клековски (поранешен директор на Фондот за здравство) е новиот предлог за министер за здравство, Мицкоски остана воздржан.

  • „Ги знам имињата, но би сакал да бидам коректен и одговорен кон членовите на Извршниот комитет. Би се чувствувал непријатно да зборувам за персонални решенија пред да се одржи седницата,“ додаде тој.

Во првата фаза од реконструкцијата се очекуваат околу осум персонални измени во владиниот состав, со цел консолидирање на капацитетите на извршната власт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во „Директно“: Поранешни функционери наскоро пред лицето на правдата, опозицијата клевети без докази

Дејан Дејан

ЗНМ го осудува попречувањето на новинарска екипа во Тетово и бара итна истрага

Дејан Дејан

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе