Вести Македонија Најважни

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Кој ресор на која политичка партија ќе ѝ припадне? – Преговорите се во завршна фаза, но конечната одлука сè уште не е официјално соопштена. Три политички партии се во трка за министерски позиции во реконструираниот владин состав.

Извори на Телма брифираат дека министерството за земјоделство ќе му припадне на коалицискиот партнер ЗНАМ. На местото на досегашниот министер Цветан Трипуновски, според овие информации, треба да дојде Борче Серафимовски, актуелен потпретседател на партијата и државен секретар во Министерството.

Неофицијално, се шпекулира и дека нов министер за здравство би можел да стане Сашо Клековски, кој неодамна повторно беше избран за директор на Фондот за здравствено осигурување.

Со реконструкцијата се очекуваат промени и во ресорите правда и култура кои, според најавите, треба да ги преземе ВРЕДИ. Од партијата очекуваат да добијат шест министерства, а во јавноста веќе излегоа и со предлог-листа на ресори. Според нивните најави, во новиот владин состав ќе имаат вицепремиер и министер за европски прашања во името на Беким Сали, Мухамет Хоџа продолжува на позицијата министер за животна средина, професорот по уставно и административно право Јетон Шасивари во Правда, досегашниот заменик министер за култура Садат Сулејмани би требало да ја преземе позицијата на Љутков, во Економија нема промени и на функција останува Бесар Дурмиши, а во Политички систем и односи помеѓу заедниците ќе дојде Агон Ферати, велат од Вреди.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега не откриваат имиња на можните кандидати за министерските функции.

Додека во власта се финализираат кадровските решенија, опозицијата упатува критики за најавената реконструкција. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче оцени дека станува збор за продолжување на политиките што, според него, овозможуваат богатење на поединци, без конкретни придобивки за граѓаните и без суштински промени. Од ДУИ, пак, порачаа дека „ВРЕДИ е големо ништо во Владата“.

Официјалната распределба на ресорите и имињата на новите министри се очекува да бидат соопштени вечерва.

Се очекува премиерот најдоцна до 1 јули до собранието да го достави предлогот за избор на новите министри и заменици-министри.

Симона Петреска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Новиот Изборен законик заглави без консензус: Се бара политички договор додека опозицијата најавува блокади

Дејан Дејан

Дурмиши: Анализата на Пазарна ќе покаже дали ќе интервенираме во маржите

Sasko Dimovski

Побарала 300 евра од студент од Турција да го пушти на испит – професорка на Медицинскиот факултет во Штип фатена со парите во рака

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе