Вести Македонија Најважни

Драмата од Судски совет се сели во обвинителство: Дамева со кривична пријава за нејзиното разрешување и тужба до Управен суд

Дамева отворила правна битка во Управниот суд и обвинителство. Во писмена изјава за Телма вели дека во тужбата пред Управен ја оспорува законитоста на донесената одлука за нејзино разрешување од функцијата претседател на Судскиот која е донесена без постоење на законски основ и без да биде спроведена постапка пропишана со закон.

Во отсуство на законски одредби кои ја регулираат ситуацијата за разрешување на претседател на Судскиот совет, недозволено е тоа да се користи и да се супституира со арбитрерно постапување, донесување, па отповикување на одлуки и создавање на правна несигурност внатре во Советот, што се одразува и во перцепцијата за работењето на овој важен орган во остварување на неговата задача, да ја обезбеди и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите, пишува  Весна Дамева, поранешен претседател на судски совет

И обвинителството кое не отвори предмет за случувањата во Судскиот совет со образложение дека разрешувањето влегло во сила односно не беше објавено во Службен весник ќе се занимава со разрешувањето на Дамева која поднела кривична пријава за злоупотреба на службемата положба. Против колку од колегите е пријавата Дамева не открива

-Со оглед дека во случајот за да се дојде до целта и да бидам разрешена од претседател на Судски совет на Република Северна Македонија беа сторени и прекршувања и пречекорувања на законот кои спаѓаат во доменот на кривично-правната област, до ОЈО Скопје поднесов кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека е сторено продолжено кривично дело Злоупотреба на службената должност и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ., вели Дамева

Во писмената изјава тврди дека тужбата и кривичната пријава ги поднела поради владеење на правото, и дека незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон.

-Останувам доследна на моето убедување дека правосудниот систем има капацитет да одговори на сите предизвици и да им обезбеди правна заштита на граѓаните и верувам дека надлежните институции ќе бидат на ниво на својата задача, со што во законита постапка ќе се утврди дека самоволие и беззаконие не смее да владее во институциите на државата и дека истото нема да остане заборавено и несанкционирано. Правната заштита ја побарав не поради мене лично, најмалку важно е кој  е претседател на Судскиот совет, туку поради заштита на угледот на институцијата Судски совет, значењето на функцијата претседател на Судскиот совет и интегритетот на оние кои ја сочинуваме институцијата, пишува Дамева во одговорот на прашањата од Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе