Вести Култура

„Крај Вардарот Џез“ започнува утревечер со настап на Дамир Имери Трио

Со концертот на „Дамир Имери Трио“ на малата сцена во Филхармонија  утревечер почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај. Цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа и атрактивни гости, велат организаторите.

-Оваа година имам без дилема најдобра програма до сега. Сите македонски артисти или проекти се изданија на нашата дискографка куќа и ќе доживеат премиерна концертна промоција на овој настан и особено ми е драго поради тоа, затоа што се работи за разновидна музика, квалитетна музика и софистицирана музика за која имаме потреба од повисок степен на култивираност, изјави Мирко попов од дискографската куќа „ПМГ рекординг“.

-Отвараме со Дамир Имери ТРИО, наредниот ден во МКЦ имаме два одлични концерти Филип Букршлиев со Благочје Томевски еден дует, наредниот концерт е на продуктивен музичар Глигор Кондовски кој само минатата година има направено пет албуми за нас. И последната вечер можеби е најдрагиот проект кој го работев минатата година е квартетот на Дино Милосављевиќ „Ларта“, рече Владан Добрицки.

Во петок на 19 мај, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.Четвртото фестивалското издание на Крај Вардарот џез   ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui), загрепскиот квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, рокенрол и електроника. „Чуи“ досега имаат издадено 6 студиски албуми и се добитници на престижни награди..

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе