Вести Култура

Демант од „Банана филм“ за наводите во кривичната пријава од Агенцијата за филм

По повод кривичната пријава против „Банана филм“ Продукција,  од  страна на Агенцијата за филм и превземените постапки од ОЈО и Финансиската полиција, во целост ви го пренесуваме демантот  од продукцијата.

Агенцијата за филм лаже. Извештајот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства  добиени од агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план“. Значи, инспекцијата јасно вели дека нема неправилности и ја запрела постапката што ја побара самата Агенција за филм. Филмовите на „Банана филм“ поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии и низ инспекција на министерството.

Групата која незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира оваа лага за да се одвлече вниманието од катастрофалните извештаи за нивната работа на Државниот завод за ревизија (кој вели: „Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење“), на Транспаренси Интернешнал Македонија и од фактот дека Антикорупциска комисија ја истражува работата на Агенцијата и на ДФРМ. Поплаки од повеќе филмаџии против агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката Славица Грковска.

Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави за кршење на законот по повеќе основи,  за попречување на нашата професионална работа, за замолчување укажувач на корупција и за клевета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе