Вести Култура

Втор жолт картон за министерката за култура од Синдикатот на Филхармонија

Дождот не го спречи Синдикатот на Филхармонија, како вчера, така и денеска, да протестира пред Министерството за култура и на министерката да и упати втор, предупредувачки, жолт картон. Револтирани се, како што велат, од нејзината одлука за времено сместување без временска рамка на новиот Џез оркестар, во истата зграда во која работат тие. А, револтот покрај подигнатите жолти картони го искажаа и со врзани жолти ленти, свирежи и гласно пуштена класична музика на звучник.

„И денеска сме тука да го изразиме нашиот револт кон одлуката на министерката и да и дадеме жолт картон. Бидејќи реално, во просториите на Македонската филхармонија два различни правни субјекти како два национални оркестри не може да функционираат. Денеска даваме жолт картон, нема да биде жолт картон цело време. Ќе го извадиме и црвениот картон за министерката“, изјави Владимир Лазаревски, претседател на Синдикална организација на Филхармонија.

Немањето доволно просторни и технички капацитети во објектот за двете установи е причина, како што велат вработените во Филхармонија, да излегуваат на протести од крајот на април. Велат дека нема да отстапат и секојдневно ќе протестираат, додека Владата не ја смени одлуката со пронаоѓање нова адреса за сместување на Џез оркестарот. Затоа за четврток најавија протест пред „Илинденска“ бр 2.

Од Здружението на џез музичари на Македонија (ЗЏМ), од чии членови е формиран Џез оркестарот, велат дека не сакаат да ги коментираат протестите на вработените во Филхармонија.

„Сметаме дека наскоро ќе се изнајде решение за сите засегнати страни, вклучувајќи не и нас“, велат од Здружението на џез музичари на Македонија.

А, од Министерството за култура со одговор дека продолжуваат да работат на изнаоѓање решение , како што ветиле, за надминување на проблемот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе