Вести Македонија Топ вести

Група бездомници го запалиле мостот кај Ист Гејт?

Миризба и парчиња од бетон останаа да сведочат под мостот што пред пет дена го зафати пожар. Пеплосаната покуќнина остава сомнеж дека можеби човечки фактор е причината за големиот пожар. Чекајќи ги   затворен и за пешаци и за сообраќај, а до кога не се знае. И додека граѓаните чекаат подолго од вообичаеното и бараат одговори, градоначалничката Арсовска веќе втор ден бега од камерите да даде изјава. Кусо преку соопштение од градот ни одговорија.

„Додека не завршат Центарот за управување со кризи и МВР  со записници немаме одговор. Мора да ги почекаме за извештај и да анализираме. Таква е процедурата“, порачуваат од Град Скопје. 

Додека градот топката ја префрла на ЦУК, првиот човек Стојанче Ангелов апелира граѓаните да не ја користат патеката под мостот поради можни одрони на бетон. Надлежноста на мостот вели е на градот Скопје.

Скопјани со денови чекаат одговори од градските власти и дали сметката на градот е блокирана, а вработените ќе останат без плати и дали граѓаните ќе имаат превоз, но досега молк. За овие проблеми на скопјани Арсовска и Глигоров најавија дека ќе дадат одговори на прес конференција.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе