Вести Култура

Расте посетеноста на саемот на книгата, но и интересот за домашни автори

Редици ученици, различни генерации на годинашното 35 јубилејно издание на Саемот на книга. За дел од нив ретка можност да се запознаат со најновите наслови на домашната и странска книжевност. Да видат дека токму книжевноста е онаа која е инспирација за голем број филмски остварување на кои претходно се восхитувале, да видат дека постои сосема понаков и креативен пристап за тоа како да го поминете слободното време наместо да бидете со мобилните телефони в раце и пред телевизиските екрани, да одберете сами литература, без да бидете сведени само на задолжителните лектири.

„Јас мислам дека овој саем на книга ќе ги поттикне сите оние кои не читаат да почнат да читаат книги, раскази бајки, за помладите може и нешто поинтересно. Читателите да читаат што повеќе книги со интересна содржина, а и тие што не читаат да ги подучиме дека тоа е една интересна фантазија“, вели ученик. 

„Од училиште сме дојдени организирано. Дали сметате дека младите доволно читаат? Да, сега читаат многу повеќе од пред неколку години, затоа што сега е модерно да читаш“, вели друг ученик. 

„Не сум баш сигурен дека просечниот Македонец многу чита. Сиромав е тој што не „загризува во книга“. Не мора да чита човек само она што му е професија. Јас сум инженер, но тоа не значи дека нема да читам белетристика“, изјави граѓанин. 

Што се однесува до посетеноста, таа е иста како и претходните години велат издавачите и писателите. Може да се забележи дека расте интересот за домашните автори.

„Саемот на книга е еден од ретките кој и по затворањето на сајмиште продолжи секоја година да се реализира, дури и во време на пандемија.  Како писател ме радува што уште постои тој тренд на читање на македонски автори и се надевам дека тоа ќе продолжи затоа што многу е важна поддршката од нашите домашни читатели“, изјави писателот Петар Андоновски. 

На 35. јубилејно издание на Саемот на книга, кој се одржува во арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 10 мај, учествуваат над 60 издавачки куќи. Според организаторите се очекува бројот на посетители годинава да достигне 30.000.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе